Виктор Милер тврди дека неговиот бот по име Вик (Virtual Integrated Citizen) ќе може да обработува огромни количини податоци и да носи непристрасни одлуки.
Милер предлага хибриден систем во кој тој како човек ќе им даде легалност и легитимитет на одлуките кои инаку 100% ќе бидат донесени од АИ ботот Вик.
Еден тамошен медиум прави интервју со ботот кој објаснува дека „се работи за спојување на ВИ капацитетите и човечка проценка, за да може ефикасно да се води Шајен.“ Ботот тврдел дека ќе се фокусира на „практични решенија донесени врз основа на податоци.“
Заради предлогот и нејаснотиите околу истиот, Милер имаше проблеми со тамошните власти кои не може да решат дали бот смее да се кандидира и слично. На крај му беше дозволено со објаснување дека кандидатот е Милер, а не ботот.