Во 11-ти век, кога е основан Оксфордскиот универзитет, кралот ги внел своите ингеренции над земјата и луѓето во „Книгата на страшниот суд“, документ каде еднаш засекогаш е запишано на кој начин се регулирани феудалните односи во Англија. Во такви околности човек не можел просто да отпатува на друго место без дозвола од своите господари. Во 21-от век, градските татковци во Оксфорд се обидуваат да се навратат на овие принципи - преку концепт познат како „15-минутен град“.
15-минутниот град теоретски звучи одлично: место каде ти се достапни сите потребни добра и услуги во радиус од една обиколка што не трае повеќе по 15 минути пешки. Изум е на парискиот академик Карлос Морено, кој не гледа на градовите како на места обликувани преку граѓански одлуки туку како на сложени системи управувани со паметна технологија. И тоа не е сè: Морено замислува дека урбанистите ќе управуваат и со жителите, наметнувајќи им команди и лимити, во манирот на вистински феудалци.
Во Оксфорд советот ќе бара од жителите посебна дозвола за работа надвор од „15-минутната зона“ и ќе ограничи колку пати смеат да извозат надвор од истата. Доколку граѓаните не се придржуваат до ова, градот ќе дознава преку автоматизиран систем што ќе им ги препознава регистрациите, а советот ќе смее да изрекува казни од по 80-ина евра.
Ова нема да важи за Данкан Енрајт кој ја предводи интеграцијата на проектот, затоа што тој не живее во Оксфорд, а истиот појаснува и дека ова е дел од планот за „нето нула“ и дека од суштинска важност за жителите е само пристапот до „шише млеко, лекови, матичен лекар и училиште.“ Со други зборови, на жителите на Оксфорд ќе им треба дозвола да си ја посетат мајка си која живее неколку улици понатаму, и тоа ќе смеат да го чинат само двапати неделно.
„Јавната заложба за намалување на густината во сообраќајните центри на Оксфорд и Кантербери, вплетува една авторитарна логика во современото урбано планирање,“ пишува Сaјмон Кук.
Тој смета дека модерните урбанисти се ужаснуваат кога луѓето се во можност да бидат флексибилни, комотни и ефикасни ползувајќи ефтин приватен транспорт, а забележува и дека „и покрај изнасиленото преоѓање на електрични возила и другите обиди за елиминација на чадот и емисијата на CO2, зелените планери и понатаму сакаат да ги забранат автомобилите.“