Урбан

САД имаат 7,5 милијарди долари за полначи за електрични возила и 0 полначи

Американскиот Конгрес на барање на владата на Бајден во 2021 се согласи да потроши 7,5 милијарди долари за низ земјата да изгради мрежа од стотици илјади полначи за електрични возила. Две години подоцна се уште се чека поставувањето на првиот полнач.

Германија ќе блокира полначи за автомобили и топлотни пумпи

По години и години промовирање и субвенционирање електрични автомобили, Германија сега процени дека електричната мрежа на земјата баш и не е подготвена да ги издржи полначите за автомобили, па од следната година ќе се ограничува колку струја стига до овие уреди.

Најново решение за климатската криза: Да нема доволно паркинзи

Тоа што луѓе и сега очи ќе си извадат во нервозите да најдат паркинг место (додуша, на нашите јунаци од „Богати и славни“ тоа не им е проблем), на климатските активисти не им пречи баш тоа да го посочат како решение. Кај нив секогаш чучела идејата, колку на луѓето им е полошо, толку на планетата ќе ѝ биде подобро.       

Уште некупена, кола во Сингапур кошта 100.000 долари

Во Сингапур не можеш да купиш кола ако не поседуваш сертификат, систем со кој државата се обидува да го регулира бројот на возила кои циркулираат по ограничената островска сообраќајна мрежа. Треба да се преброиш дали за почеток имаш 100К долари па дури потоа да гледаш што семејна кола сакаш да купиш.   

Скандинавците дигаат глас против модерната а грда архитектура

Скандинавските нации одамна изградија репутација за храбри модернистички дизајни. Но, како малку да се претера правење кеифи на архитектонските каприци па имаат и „Архитектонско востание“ кое бара враќање на традиционалните стилови, порачувајќи дека зградите не мора да личат на кутии за чевли. 

Париз мора да се научи на соживот... со глувци

По години минати во отворена војна со напаста, градските власти на Париз објавија дека ќе формираат комитет чија задача ќе биде да најдат начин за соживот меѓу жителите на Париз и глувците на Париз.

Со нови дрвја против криминалот

Криминално проблематично предградие во Хјустон планира да насади едно чудо нови дрвја, надевајќи се дека сенките малку ќе ги подоладат зовриените глави кои прават бељи и неред. 

#НаТочак #ПодВода

Додека ние со децении не успеваме да ги решиме стратешките проблеми на Скопје, на пример тоа што имаме премалку канти за отпад а премногу улични кучиња, Холанѓаните изградија подводна гаража со 7.000 паркинг места. Ниедно за автомобил. 

Оксфорд се враќа на феудализам

Градските власти во Оксфорд сакаат на жителите да им направат „сè да им биде на 15 минути“ ама цената за тоа е да им биде ограничено слободното движење на истите. ПС: Главниот иницијатор за 15-те минути, воопшто не ни живее во Оксфорд. 

Дејв Шапел конкретен против бетонизацијата во своето маало

Дејв Шапел откупи огромно земјиште во својата паланка во Охајо во која реши да остане да живее и после славата и парите, само за да спречи околу него да никнат бетонски грдосии вредни 40тина милиони долари.

Португалија вели добредојде, освен за оние од Калифорнија

На Калифорнија последниве години ѝ се случува интересен егзодус бидејќи таму сè потешко се живее, што поради трошоците, што поради разбудените малоумности кои и Л.А. прават да заличи на Грчец. Луѓе бегаат, што во Тексас и други американски држави, што фаќаат џенем преку океаните. Не се нешто омилени.

Небодерска вејка на ветрот

Спремен за вселување е најновиот њујоршки облакодер кому можат да му се радуваат оние што имаат многу пари и оние кои немаат мака со морска болест. Зградата е толку висока и тенка што последните катови се лулаат по 60-тина сантиметри наваму натаму кога ќе задува ветер.

Хонг Конг гради станови од 12 квадратни метри

Ги викаат нано-станови и се помали од паркинг место за автомобил, но за многу луѓе се единствен начин да дојдат до свој кров на глава за што таму се чека и до шест години. Погледај свој (нано)дом, Ангеле.  

Кина забрани градење небодери во мали градови

Најбројната држава на светот реши дека е доста со тој чалам да се дигаат предимензионирани кули во мали градови. Со тоа што кај нив, во мали градови спаѓаат оние со помалку од три милиони жители.   

Се продава вила... од 471 милион евра

Вилата се наоѓа во центарот на Рим и е единствена куќа на светот чиј таван е насликан од италијанскиот сликар Караваџо. Цената од 471 милион евра е само почетна.

Богатите се згрозени од уште побогатите

Мирот на староседелците богаташи од Хемптонс моментално е нарушен од најголемиот проблем што го имале до сега - уште побогати луѓе од нив.

Дебакл на електричните автобуси за јавен превоз

Една ипол година откако во новите, тивки и еколошки автобуи, напредните возила со кои се ветуваше револуција во јавниот транспорт, собираат прашина во депото на Јужнa Филaдeлфија во Пенсилванија.

Од асфалтот си патиме

Асфалтираните улици и патишта летно време го влошуваат загадувањето во градовите испуштајќи до 300% повеќе штетни честички при високи температури.

Дали на Америка и фалат уште 672 милиони Американци?

Не само што не е полна, Америка моментално дури е и празна со само 93 луѓе на квадратна милја. Дури и да не се земе предвид блесаво пренаселениот Сингапур со 20.000 луѓе на квадратна милја, САД заостануваат и зад прилично лабави држави како Белгија со 976 луѓе на квадратна милја.

Што се случува со италијанските куќи од 1 евро?

Еден дел се реновирани, еден дел се во тек на реновирање, но сите до една се продале, а сега откако пандемијата малку стивна, ќе има и уште една тура.

Џо Роган фаќа штрафта од ЛА и заминува во Тексас

Кога некој како Роган решава да го напушти градот кој важи за матица на креативците од светот на филмот, забавата и поп културата, па уште кога како една од причините за егзилот ќе наведе дека му треба повеќе слобода, тогаш не Хјустон туку "L.A.,We Have a Problem".

Се продава станот на Че Гевара

Веста е дека во Аргентина се продава станот во кој се родил Ернесто Че Гевара. Бонус информацијата што не ја знаевме е дека Че Гевара е роден и израснат во стан од 240 метри квадратни.

И Париз од карантинот ќе излезе со плус велосипедски патеки

Некои од најзакрчените сообраќјани артерии на Париз ќе бидат пренаменети за велосипедисти со цел да се намали гужвата во јавниот превоз во престолнината кога Франција следната недела ќе ги олабави мерките за изолација.

Ковид-19 е посмртоносен во градови со загаден воздух

Студија на Харвард покажа дека долгорочната загаденост на воздухот е тесно поврзана со актуелната стапка на смртност од ковид-19 во тие средини. Дури и најмала покаченост на ПМ 2,5 честичките сериозно ја менува равенката.