Главната „квака“ е што само една од овие куќи се продала по 1 евро, бидејќи заради аукцијата нивната цена била крената на по неколку илјади долари.
Згора на тоа, треба да се платат даноци и административни трошоци, плус некои од гратчињата бараат и депозит од по 5.000 евра дека нема да киднеш и пак да им дреме празна куќа.
Но и покрај ова, на крај за неколку илјади евра (плус десетина за реновирање), пак добиваш куќа во некое од преубавите италијански гратчиња на страна од секакви гужви и урбана неподносливост.