Небодерска вејка на ветрот

Спремен за вселување е најновиот њујоршки облакодер кому можат да му се радуваат оние што имаат многу пари и оние кои немаат мака со морска болест. Зградата е толку висока и тенка што последните катови се лулаат по 60-тина сантиметри наваму натаму кога ќе задува ветер.

Официјалното име му е Кулата Стенвеј но веќе го викаат „Coffee Stirrer“ бидејќи им личи на оние долги и тенки стапчиња за промешување кафе.

Само што ова е многу подолго и уште потенко 'стапче'. Кулата е висока фацинантни 435 метри а широка само 18 метри, колку должина на патека за куглање. Тоа прави ова малку бизарно здание да има размер на височината во однос на широчината ретко видени 24:1.

Најскапиот апартман во облакодерот чини 50,7 милиони фунти а поевтините се околу 6 милиони фунти.

 

 

12 април 2022 - 13:32