Се работи за раст на емисијата на секундарни органски аеросоли (СОА), загадувачи на воздух за кои се знае дека имаат значително штетно влијание врз јавното здравје.
Во заедничката студијата на научници од Јеил, Карнеги Мелон и Макс Планк институтот, асфалтот бил загреван на температура од 40 до 200 степени Целзиусови. Тие забележале дека веќе на температура меѓу 40 и 60 степени (честа температура на асфалтот во летно време) загадувањето од асфалтот се зголемило за два пати.
На овој заклучок му претходат студии кои покажаа дека значителен дел од загадувањето во Лос Анџелес доаѓа од други извори освен автомобили.
Друга димензија на проблемот е што додека со години од улиците систематски се отстрануваат автомобилите загадувачи, за сега нема начин како тоа да се изведе со асфалтот.
„Откривме дека загадувањето од асфалтот сериозно е поврзано со температурата и изложеноста на сонце. Потопли и посончеви периоди доведуваат до повеќе загадување. Дополнително во најголем дел од случаите асфалтот се поставува во потоплите месеци од годината,“ објаснува професорот од Јеил, Дру Гентнер.