Кина воведе лимити за висината на небодерите кои ќе се градат по градовите, проценувајќи дека тој тренд се должи на инвеститорска суета и неразумна желба за престиж.
Земјата веќе е локација за некои од највисоките згради во светот, меѓу кои е Шангајската кула која има 128 спрата.
„Се наоѓаме во фаза во која луѓето се нетрпеливи да направат нешто што ќе биде рекордно или пак ќе влезе во историјата. Секоја зграда сака да биде симбол на градот и оние кои ги планираат и проектираат објектите сакаат да ја исполнат таа замислена цел почнуваат да одат во екстремност и нападна необичност,“ вели заменик декан на еден архитектонски факултет.
Досега општиот лимит во градењето беше 500 метри но државата реши во градови помали од три милиони луѓе, да не смее да се гради повисоко од 150 метри а во поголемите, лимитот е 250 метри.
Како што дознаваме од BBC, на почетокот на оваа година Кина донела и „забрана за грда архитектура.“