Од градежна инвеститорска фирма влијателниот комичар купил 15 парцели со вкупна површина од близу 77.000 квадратни метри за колку-толку да направи бафер зона меѓу неговиот дом во Јелоу Спрингс и деловите на местото кои се се следни за урбанизирање, со доделени маркици за градба.
На парцелите кои ги купил било предвидено да се изградат станбени и деловни објекти во вредност од 39 милиони долари а градбата ја добила компанија која има вкупен посед од 210.000 метри квадратни градежно земјиште зацртано во нивниот ГУП и ДУП.
Според некои информации, за да обезбеди мир во својот дом, Шапел за неговиот дел од земјиштето морал да плати онолку колку што градежната фирма од која го купил, платила за целиот имот.
Богатството на Шапел се проценува на 50 милиони долари а тој живее на голема фарма (која се граничи со следната градежна зона) која во 2015 година ја има купено за 690.000 долари. И тој има градежни планови за местото во кое живее: планира еден стар пожарникарски објект да претвори во ресторан и клуб за комедија.
Јелоу Спрингс има помалку од 4.000 жители.