Освен за еден од најгусто населените градови на светот, Хонг Конг важи и за град кој има нејнепристапен пазар за недвижни. Според официјални податоци, критичниот недостаток на стамбн простор предзивика пораст на цените од 187% од 2010 до 2019 годоина. Во моментов просечна цена на дом надминува 1,3 милиони долари, и тоа во град во кој минималната плата е 4,8 долари на час.
Заради тоа, седум проценти од новите градби се микро и нано-станови. Првите се оние „поголемите“, меѓу 15 и 27 квадрати а наностанови се оние со 12 па некогаш и само 9 квадрати. Микростан на добра локација може да се најде и за само 800.000 долари.
Во моментов градот има околу 8.500 вакви кафези/ковчези/домови.
Да прошетаме низ еден таков од 12 квадрати: