„Се уштекуваме во иднина без штетни емисии,“ ПР-овски помпезно, пред некоја година била огласена промоцијата на новата флота на електрични автобуси за јавен превоз во Пенсилванија.
СЕПТА, компанијата која го менаџира јавниот превоз во државата, била многу оптимистична во плановите за целосно префрлање на чисти енергии но новите тивки и скапи автобуси уште потивко многу бргу биле повлечени и биле вратени во оптек старите дизел модели.
Првично како клучен проблем се покажале батериите. Се утврдило дека климите во возилата и понапорните делници ги цицаат батериите побрзо отколку што се мислело па наместо очекуваните 100 милји со едно полнење, возилата во просек издржувале 30 до 50 милји. А невозможно било одново да се редизајнира мрежата за да се планираат дополнителни места за полнење.
Откако од најголемиот американски производител на електрични автобуси Протера биле нарачани модели со појаки батерии, тие биле испорачани но биле потешки па почнале системски да пукаат по цела шасија.
Сите овие пехови ги натерале СЕПТА да ги паузираат амбициозните планови за електрификација. Иако проблемот е локален, може да има национални импликации, со оглед на планот на Бајден со 7,5 милијарди долари да се помогне замената на старите дизел школски и јавни автобуси со електрични, особено што овој случај не е осамен и слични проблеми се пријавени и на други места, од Индијанаполис до Албукерки, Ново Мексико.