На шемата наречена Проект Детроит а покрената од градското тело задолжено за транспорт работат 157 луѓе а некои инженери добиваат над 100.000 фунти годишно, открива Телеграф.
Проектот Детроит ќе биде унифицирана платформа за наплаќање надомест за користење на патиштата, при тој ќе пресметува извозени киломатри но и други постоечки патраметри како учество во сообраќаен метеж или возење во зони со ниски емисии, а ќе може да се надоградува и со тип на возило и слично.
Соочен со критики од конзервативците дека лабуристите отвораат војна со возачите, Садик Кан едно време ја имаше притаено идејата за наплаќање по изминат километар во главниот град на државата.
По воведувањето на зоните со ниска и ултра ниска емисија на гасови, оние што со свои возила се движат по градот, годинава ќе платат една милијарда фунти на градските транспортни власти.
**********
Види и: