Во моментот на вербална комуникација на твојот гнев (во надеж дека нема да се претвори во физичка пресметка), преовладувачкото чувство е дека "му држиш лекција на моронот," дека улицата не е негова, дека треба да се мрдне, дека неговите постапки имаат последици и сл.
"Ова е погрешен начин на размислување. Никогаш не знаеш кој е во другиот автомобил и како ќе реагира на тебе. Дури и само да ги погледнеш тие се разбеснуваат и повеќе немаат контрола," Леон Џејмс, кој изучува психологија на возење на Универзитетот на Хаваи.
Ставот на потпретседателот и генерален менаџер на Експедиа, Џон Мореј, е дека секој од нас има сопствено мислење за тоа што го фрустрира додека вози и тоа го поткрепува со една неодамнешна студија за основите за гнев на возачите. Во неа, неговите лични фрустрации околу возењето на другите се некаде на дното на листата.
Со самото тоа што секој има различен автомобил, треба да се очекува и дека секој вози малку поинаку од другиот (заради брзина, подготвеност на автомобилот, безбедност). Меѓутоа гневот при возењето се сведува на комбинација од два фактори: страв и претерана самоувереност.
"Делот со стравот е лесен за разбирање. Возењето е едно од најопасните работи што луѓето го прават на дневна основа. Кога во возењето ќе се случи нешто, и ние се вадиме од памет, тоа длабоко влијае на нас. А кога имаш високи емоции, и реакциите ќе бидат исти.
Од друга страна е чувството за безбедност што ти го дава внатрешноста на автомобилот. Ова не е како да чекаш во банка, ние не сме изложени на ист начин. Се чувствуваш како да си заштитен. И оваа заштита ги држи останатите надвор," објаснува Рик Полас во Пацифик Стандард.
Џејмс има сопствен метод за избегнување на гнев зад волан - препознај, согледај и измени. Според ова прво треба да си признаеш дека си агресивен возач и дека имаш проблем. Потоа треба да го согледаш сопственото однесување во такви ситуации и да видиш каде ти се грешките, и трето да ги измениш своите постапки кои доведуваат до грешки.
"Препораката на Џејмс е ако не сакаш да бидеш вест на денот, треба да можеш да живееш со тоа дека си погрешил и да продолжиш. Наведнување од прозор, мавтање со раце, блендирање и слично, нема да помогне. На другиот не му е гајле и не можеш да го промениш однесувањето на другиот, можеш да го промениш само своето однесување. Прегризи го јазикот, диши длабоко, проголтај го гневот и остави ги да продолжат по патот," пишува Полас.
Луи Ц.К. околу возењето: