Наводно решение за проблемот со возење во зима

Првите десетина минути од влегување во кола зимно време се чиста казна, по што следуваат неколку минути рај, и од тука до крај на возењето е пекол и потење и пцуење што толку си се наоблекол или па што си решил да намалиш температура како тоа да ќе ти помогне.

Предложеното решение на ситуацијата се сведува на:
- греењето стави го да дува во нозе и во тело.
- подотвори го прозорот колку да пирка свеж воздух во колата.

Логиката е дека ваквото комбо го влече топлиот воздух нагоре, и како што ќе се крева тој излегува низ подотворениот прозор, од каде во исто време влегува и малку студен свеж воздух, кој спречува да стане премногу влажно и непријатно во колата.

Проблемот со решението е што не опфаќа: дожд, снег, смог и дремење со часови на семафор позади душмански настроен ауспух, „ама се исплати кога можеш да го правиш тоа.“

 

29 декември 2017 - 14:46