Просечен родител на островот годишно извозува 2.130 километри пат за да заспие некое од децата. Татковците го прават тоа почесто и со таа цел акаат речиси 3.000 километри во една година.
Кон оваа тактика просечно се прибегнува еднаш неделно а турата трае половина час. Лондонците возат најдолги рути за заспивање (5.000 километри годишно!) а следат родителите од источна Англија и Шкотска.
Компанијата за бебешка опрема Mothercare дури правела и тестови за детски седишта и изготвила топ листа на седишта во кои децата најбрзо заспиваат. Нормално,нивното седиште испаднало најдобро бидејќи го праќа детето во сон за само 10 и нешто минути.