Лентата е отворена на улицата Сент Џон и на луѓето ќе им овозможи побргу да го минат тој дел карактеристичен по шопинг гужвите кои ги прави огромниот шопинг мол Ливерпул Уан.
За 47 проценти од ливерпулци токму бавното пробивање низ пешачките толпи е она што најмногу ги нервира кога одат низ град. На второ и трето место се оние кои одат загледани во своите телефони и оние кои застануваат среде тротоар за да муабетат со познаници.
Иако лентата за брзи пешаци се чини како елегантно и консензуално решение, не сите луѓе се подеднакво задоволни од неа. Помладите од 16 до 24 години ја поддржуваат со 70 проценти додека меѓу оние постари од 55 години таа им се допаѓа на само 37 проценти. Нејќат старките некој да ги претицува.
National Geographic лани направи социјален експеримент со специјализирани патеки за оние кои сакаат да раговараат по мобилен додека одат но тие беа масовно игнорирани.