На 24-часа пред Денот на благодарноста Ен-би-си вади една хеликоптерска репортажа од Лос Анџелес која комплетно го сумира ужасот на возење низ градот - 12 ленти за сообраќај, од кои сите 12 се полни до последно место. Бескрајна црвена и бела „змија“ кои се движат во спротивен правец.
Иако привремено се надева дека излезот од гужвите низ Л.А. ќе бидат подземните тунели на Елон Маск, авторот на текстот на Бизнис инсајдер потсетува дека кабините што се предвидени со проектот се ограничени на само 16 луѓе. За споредба, вагоните на подземната железница собираат по 100 луѓе, а автобусите превезуваат десетици луѓе. На сето ова треба да се додадат и астрономските трошоци за изградба на тунелите.
Еден од советите што го дава авторот, е дека ако сака да се избегне гужвата, во овој случај за Денот на благодарноста, е да тргнеш порано каде и да одиш. По негови пресметки тоа порано би било 4 часот наутро.