Започнало како стандардно кукање на комшики околу децата (нонстоп се на телефон и таблет, не излегуваат, немаат другарчиња...) и потоа се претворило во тренд: привремено затворање улици за сообраќај за да може улицата повторно да им припадне на децата.
Првата цивилна пушка пукнала во Бристол, а потоа се проширила и во 30 други места во Британија. Во самиот Бристол во проектот моментално се вклучени 60 улици што, во соработка со локалните власти, се затвораат за коли неколку часа за да можат децата без задолжителен мониторинг и телесно обезбедување од родителите да излезат, да возат тротинет или точак, да играат школица или што и да е.
Не се работи за утописки проект за враќање на времето, туку за фино градско потсетување на малите задоволства на маалскиот живот, викањето некого надвор, повикот на мајката за прибирање на ручек (- Еве сега! - Не сега туку одма!), потењето како такво и слични манифестации на нормален живот.
Идејата функционира така што луѓето од улицата се пријавуваат до локалните власти и добиваат распоред кога можат да ја затворат својата улица, во траење од три часа, еднаш неделно.
Некои од луѓето се зачудиле колку всушност деца живеат на нивната улица.