Последниов месец низ дома се пека за некаква играчка која ја немало кај нас, ама била „супер“. На прашањето што конкретно се прави со неа, одговорот е - ништо. Но на радоста ѝ немаше крај кога случајно ја најдовме на пазарска тезга, на која едвај можеше да ѝ се пристапи не само од деца, туку и од возрасни кои би нешто да вртат.