Мима ја немав видено долго време, иако бев сигурна дека се занимава со интересни нешта, креирајќи накит и шетајќи низ светот. И бев во право - сега таа и нејзината пријателка Јана, обете веќе докажани дизајнерки, те повикуваат да учествуваш во креативна игра, во која:
1. Со однапред зададени необични материјали (можеби стара мрежа, кабел или игла), како и алатки кои тие самите ги користат при работата, ќе треба да создадеш парче накит што може да се носи;
2. Ќе учествуваш во изложба; и
3. Ќе добиеш паричен надоместок за учеството и можност за продавање на делото
Рокот е до 10 ноември, апликациите испраќајте ги тука, и гледајте самата пријава да е креативна, искрена и мотивирана. Не праќајте обични биографии, досадни се. Од пријавените ќе бидат одбрани седум луѓе, на кои ќе им биде даден истиот пакет материјали и неколку интересни правила, од кои сме сигурни дека ќе произлезат многу различни креации. Важно: не мора да имате никакво претходно искуство со дизајн, дури и уште подобро ако немате.
Уште не сте се пријавиле?