Редовните пријави до УЈП откриваат дека гејминг гигантот Зинга (Фармвил, ви текнува?) меѓу другото решил да го купи Солитер за што одвоил 42,5 милиони долари.
Купен е од компанијата Харпан ЛЛЦ зад која всушност стојат двајца браќа.
Но, не се само нашиве административци залепени за Солитер. Таа сè уште е најпопуларната карташка игра во Епстор и секогаш е меѓу првите 10 во генерален пласман.
Ја знаете сите и нема што да се додаде за неа, освен дека никогаш не би ви текнало да ја опишете како што е опишана во Епстор: "Crisp, clear graphics, and a straight forward [sic] layout."
Браќата имаат уште три игрици за продавање. А Зинга лани имаа приходи од 741 милион долари.