Во светот веројатно има шест или седум илјади јазици. Дури и таканаречените „хиперполиглоти", луѓе кои течно зборуваат повеќе од шест јазици, не се ни блиску до оваа бројка. Современата технологија ни овозможува голем дел од оние кои не ги познаваме да ги преведеме, да видиме како се пишуваат, и во случајов - да ги слушнеме.
Големата јазична игра бара од вас да го погодите вистинскиот јазик помеѓу осумдесетина, само врз основа на аудио примерок. Во секоја поединечна игра ви се дадени опции на избор и шанса за три грешки односно три „животи“.
Според моменталната статистика на сајтот играта до сега е изиграна повеќе од два милиона пати (од 2013), најлесен јазик за препознавање е францускиот а најтежок шона, банту јазик на племето Шона од Зимбабве и Мозамбик.
Го има и македонскиот (индоевропски, јужнословенски), а одговорите на корисниците биле 76% точни. Идејата е играта да се прошири со повеќе јазици, што би барало уште поизострено уво.
Играјте тука