Дозволите се извлекуваат во две конкуренции, регуларни возила, за кои се пријавени над 3 милиони луѓе, и електрични возила, за кои се пријавени околу 420.000 луѓе. Лотаријата за дозвола е нешто подаровна отколку лотарија за пари, ама пак чекањето знае да биде повеќе од 5 години.
Мотивацијата зад системот на дозволи е главно еколошка, за колку толку да се ограничи загадувањето во над 20 милионскиот Пекинг. Системот за ограничување на нови регистрирани возила се воведува во 2011, а бројот на поделени дозволи паѓа од година на година. Ако во 2013 беа поделени 240.000 дозволи за купување, во 2018 бројката падна на 100.000.
Бројките што ги бркаат локалните власти е во градот до 2020 да има помалку од 6,3 милиони регистрирани возила.
И кога ќе ја добиеш дозволата и ќе купиш кола, градските власти имаат воведно дополнителна мерка за олабавување на загадувањето, која предвидува дека секое возило еден ден во неделата не смее да се вози. Тука редот е утврден според регистрацијата.
Новата мерка што пекиншките власти ќе ја воведат од ноември 2019 е дека секое возило со „провинцијалски“ таблици ќе добие само 12 дозволи годишно за возење низ Пекинг, а секоја дозвола е со рок на траење од само 7 дена. Оваа мерка не е толку против возачите што не се од Пекинг, туку против локалците кои своите возила ги регистрираат на таблици вон градот за да ја избегнат претходната забрана со 1 ден тајм-аут.