Економијата на земјата има два основни столба: едниот е ИТ индустријата, а другиот е индустријата за производство на хартија.
"Нал Варлос, претседателот на (шведската банка) Нордеа, одлично опиша кога изјави дека Ајфон ја уништи Нокиа, а Ајпадот ја уништи индустријата со хартија," изјавил финскиот премиер Александер Стуб за шведскиот весник Дагенс Индустри.
Иако признава дека земјата неподготвена ги дочекала иновациите на Епл, Стуб (кој стана премиер пред некој ден, кон крајот на јуни) сега е оптимист бидејќи ИТ индустријата е свртена кон видео игрите, а не само кон хардверот и мобилните на Нокиа.
Што се однесува до шумарството, според него тоа полека ама сигурно се поместува од хартија кон биоенергија.