Катмул минува 26 години работејќи со Џобс кој е озогласен по својата тврдоглавост (првиот човек на Епл е и еден од ко-основачите на Пиксар). Во еден од разговорите Џобс го објаснува својот метод за решавање на работите со луѓето кои не се согласуваат со него - "само објаснувај им додека не те разберат."
Имајќи го ова предвид и сите разговори во текот на годините, Катмул открива начин како да се објаснува со Џобс, а тоа да не се претвори во расправија меѓу двајцата.
Во својата книга "Creativity Inc.," Катмул ја објаснува методологијата:
"Во сите 26 години работа со Стив, Стив и јас никогаш немавме една од оние гласни вербални расправии, а и јас не сум човек што се кара... ама често не се согласувавме за голем број работи. Јас ќе му речев нешто и тој одма ќе ме одбиеше бидејќи тој размислуваше побрзо од мене... Тогаш ќе чекав една недела... Ќе му се јавев и ќе му ги дадев контра аргументите за она што тој го кажа, и тој веднаш ќе ме одбиеше. По ова чекав уште една недела, и така понекогаш со месеци. Меѓутоа на крај се случуваше една од трите работи. Во третина од случаите завршуваше со 'Аха, јасно ми е, во право си.' И тоа беше крајот. Имаше и друга третина кога јас ќе кажев 'Аха, мислам дека тој сепак е во право.' A во останатата третина од случаите, кога не постигнувавме консензус, едноставно ме оставаше да направам јас како што мислам, без притоа повеќе ништо да спомне за тоа."