"Многу бевме внимателни во ширење на одличната работа што другите ја правеа, и ние не сакавме да го закачуваме нашето име на работите," изјавила за Њујорк Тајмс Лорен Пауел Џобс, вдовицата на Џобс, објаснувајќи дека цело време се труделе да останат анонимни.
Главниот начин на кој го постигнувала ова е што својата организација (преку која ги давала донациите) Емерсон Колектив, Пауел Џобс ја структурирала како друштво со ограничена одговорност, како мала фирма, наместо како добротворна организација или фондација која е изземена од даноци. Ова значи дека Емерсон може да дава грандови, инвестиции и политички донации, а да не мора јавно да ги објавува донациите како што е тоа задолжително за фондациите.
"Пауел Џобс објасни дека на Емерсон не му треба даночна структура како фондација, и дека 'анонимното вршење на работите и можноста да се биде инвентивен, и флексибилен се работи кои ги цениме во нашиот тим.'"