Еден од најупатените да дадат свое мислење за биографскиот филм за Стив Џобс, Стив Возниак за Гизмодо рече дека овој филм не би бил негова препорака.
"Глумењето во филмот е добро но тоа не е доволно да го препорачам овој филм," вели за Гизмодо Возниак, човекот кој со Џобс се познава уште од студентските денови и кој рачно ги има направено првите Епл компјутери.
Возниак ги отфрли обвинувањата на Ештон Качер дека зад неговото лошо мислење за филмот стојат бизнис интереси.
"Треба да знаете дека Стив Возниак е платен од друга компанија за да биде советник за нивниот филм за Џобс," изјави Качер по првите реакции на Воз за филмот.
Возниак вели дека му е криво за многу луѓе од компанијата кои ги познава многу добро а се лошо претставени во филмот. Од друга страна, филмските критичари се согласуваат дека една од најдобрите ролји во филмот е онаа на Џош Гад, кој го игра Стив Возниак.