Плановите што ги презентираше Џобс предвидуваа 6.000 дрва, префрлање на речиси сите паркинзи и улици под земја, ѕидови направени од 12 метарски заоблени парчиња стакло (со вкупна површина од 6 километри квадратни), кафетерии за вработените меѓу кои и една со капацитет од 3.000 гости и сето ова по цена од 5 милијарди долари.
Пред смртта Џобс се надеваше дека со работа на проектот ќе се почне во 2012-та, а до крајот на 2015-та дека ќе се вселат. Епл сега најави дека дури во јуни ќе почне со рушењето на 26-те згради кои се наоѓаат на нивниот имот. Една од причините за одложувањето е што Епл работеше со архитектите од Фостер + Партнерс, на намалување на 1 милијарда долари од буџетот.
Само рушењето и ископувањето за проектот се очекува да трае 6 месеци, а во овој период нон-стоп (24-часа) ќе има конвој камиони кои ќе ја пренесуваа ископаната земја. За време на ископувањето на земјата околу 1.000 постојни дрва од локацијата ќе бидат извадени и ставени во магацин каде ќе чекаат повторно да бидат вратени назад кога објектот ќе биде завршен.
Кровот на објектот ќе има сончеви колектори со површина од 65.000 метри квадратни кои ќе бидат доволни за генерирање на 8 мегавати струја.
Главни архитекти на проектот се Фостер + Партнерс кои стојат зад реновирањето на Рајхстагот и изградбата на кулата Херст во Њујорк.