Стив Џобс живее во патент центар

Иако почина пред 6 години, Стив Џобс е едно од оние имиња од кои глава не може да крене американскиот завод за патенти. Од неговата смрт до сега има патентирано 141 изуми, повеќе отколку што некои иноватори имаат пријавено дур биле живи.

Ваквата бројка се должи на табиетот на покојникот, да биде вклучен во секој аспект на производите кои ги потпишува неговата компанија и патем да ја патентира секој можна ситница.

Неговото име стои на вкупно 458 патенти.

Актуелниот лидер на компанијата нема ниеден патент. Ама затоа приходите се зголемија повеќе од двојно (имаат годишна продажба од 182 милијарди долари) откако компанијата ја презеде Тим Кук, махерот за организација и продажба кој до совршенство ги навежба тоа Кинезите навреме да достават квалитетно изработени продукти.

Првиот патент на Џобс е „персонален компјутер“, пријавен во 1983 година. Последниот кој му ја мина долгата процедурата за признавање е прилично банален, се вика „Дизајн на драматична стаклена коцка“ и се однесува на изгледот на продавниците на Епл.

Во сиве овие патенти името на Џобс ретко стои поединечно и во огромниот број случаи е придружено на другите луѓе од Епл кои работеле на тематиката. Со оглед на тоа што повеќето патенти потпишани од Џобс се однесуваат на дизајнот и корисничкото искуство, некои сметаат дека вистинските големи иноватори како Тесла, Едисон или Бел тешко дека би го прифатиле за човек кој заслужува да се најде во нивно друштво.

И Бил Бур тешко се фасцинира:

 

19 октомври 2017 - 09:34