Скали во 1983-та доаѓа од Пепси во Епл со цел да ја води компанијата и да воведе ред во неа. По две години работа, во 1985-та Епл ја пушта втората генерација на Мек компјутери, Мекинтош Офис. Компјутерот ужасно се продава во време кога Епл има проблеми и со продажбата на останатите модели на компјутери.
Тогаш Џобс оди кај Скали и бара од него да се намали цената на Мекинтошот, плус парите од маркетингот на Епл 2, да се префрлат за рекламирање на новиот модел. На ова Скали се противи, објаснувајќи му дека тоа би значело загуба за компанијата.
Двајцата не се согласуваат и на крај решаваат своите аргументи да ги изнесат пред бордот на директори. По презентациите и речиси една недела анализа на истите, бордот решава дека Скали е во право.
"Стив на таа возраст не знаеше многу за водење компанија. Епл имаше неуспех со Лиса, имаше неуспех со Епл 3. Епл 2 беше кон крајот на својот живот, на компанијата и требаше прилив на кеш за да го финансира развојот на Мекинтош," објаснува Скали на конференцијата во Бали.
По ова бордот го поддржува Скали во неговата намера да го отстрани Џобс како директор на дивизијата за Мек, а потоа и комплетно го отстранува од компанијата.
"Што би се случило ако го немавме тој судир? Во тоа време го немав тоа искуство за да проценам колку е поразлично водењето на компанија кога формираш некоја индустрија, како што Бил Гејтс или Стив Џобс го направија тоа, наспроти кога си конкурент во некоја индустрија, во некоја јавна компанија, каде што не правиш грешки бидејќи ако изгубиш, веќе не си во игра," продолжил Скали со објаснувањето.
Нему најмногу му е криво што после 10 години во компанијата тој не решил да проба да се помири со Џобс и да се обидат двајцата да ја водат компанијата.
Комплетната приказна со сите детали и развојот на настаните ја имате во видеото: