Вардар слави на Градски, Купот на Македонија е црвено црн после 18 години

ФК Вардар конечно го прекина долгиот пост и после многу перипетии, сериозни финансиски проблеми и тонење на дното на табелата, слави важен трофеј кој му дава можност да се покаже и во Европа.

Најтрофејниот македонски клуб, по долга пауза од 18 години го освои Купот на Македонија, откако во финалето на Градски ја совлада Струга Трим Лум со 2:0.

Со тоа стигна до шестиот трофеј во ова натпреварување, откако претходно славеше во 1992–93, 1994–95, 1997–98, 1998–99 и 2006–07.

Јунак на финалето е младиот Михаил Талевски кој беше двоен стрелец на мечот.

Вардарци беа подобар противник. Не создадоа премногу шанси за гол, меѓутоа имаа поголема иницијатива од противникот.

За Гоце Седлоски ова е први трофеј во Купот, додека неговиот колега Илчо Ѓорѓиоски не успеа да слави и во своето второ финале.

Црвено црните многу лошо ја стартуваа сезоната, но потоа влегоа во страшна серија од 18 меча без пораз. Последен пат загубија од Шкендија на 16 февруари.

Со овој триумф, изборија пласман во квалификациите од Конференциската лига.

21 мај 2025 - 21:58