
Македонскиот Куп освојувач Вардар демонстрира уште една одлична фудбалска претстава и запиша нова европска победа на домашен терен.
Ја изненади Лозана so 2:1 во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Конференциската лига.
Стрелци за црвено-црните беа Роџерс Мато и Азар Омерагиќ, за кого ова е втор европски гол во Скопје, по оној со Ла Фиорита.
Реваншот е следниот четврток во Швајцарија.
Победникот од овој двомеч во третото коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Зимбру од Молдавија и Астана од Казахстан, кои синоќа одиграа 1:1.