ФК Вардар исчисти долг од 31 милиони денари и по 8 години ја одблокира сметката

Заврши сагата со најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија околу долгогодишната ситуација поврзана со сметката.

Вардарци конечно ќе функионираат нормално, со својата сметка, по сите законски норми и прописи.

Од клубот информираат дека се исплатени долгови на поединци во вкупен износ од 31 милиони денари или нешто помалку 500.000 евра.

Меѓу нив и Дарко Панчев кој ќе земе околу 70.000 евра.

Ова не се единствените долгови со кои се бореше клубот и кои беа направени најмногу во времето на Сергеј Самсоненко.

Минатиот месец беше подигната блокада во вредност од 3 милиони поставена од УЈП и 200.000 евра од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Најновата листа на должници кон кои се раздолжи Вардар изгледа вака:

Дарко Панчев - 4.134.855.00 денари.
Владица Брдароски - 8.759.744.00 денари.
Бендџамин Демир - 6.100.000.00 денари.
Михајло Костиќ - 8.834.415.00 денари.
Александар Игески - 935.353.00 денари.
Фитнес Инфинити - 2.014.562.00 денари.
ЕАМ ДОО Штип - 263.006.00 денари.

15 април 2025 - 11:07