Головите од мечот на Градски на кој победи хуманоста

Резултатот од пријателската меѓу Вардар и Црвена Ѕвезда (1:3) е на последно место. Михаил Маневски со прекрасен удар му донесе водство на Вардар и голот му го посвети на загинатиот фудбалер Андреј Лазаров. Ѕвезда направи пресврт со головите на Илиќ, Катаи и Слепчевиќ. Скопје вечерва повторно беше град на солидарноста и хуманоста. Околу 25.000 гледачи купија билет за да помогнат на семејствата на загинатите во Кочани.

16 април 2025 - 23:44