Благодарение на одличното рангирање на УЕФА, Серија А следната сезоната ќе има 5 претставници во Лига на шампиони, кои можат да станат и 6.
Европската судбина на Рома, која е сигурна на шестата позиција во првенство е целосно во рацете на Аталанта.
Математиките се лесни за правење, но не се воопшто едноставни за остварување. Рома треба да се моли Аталанта вечерва да го освои трофејот и да не заврши во топ 4 во Серија А. Само во таков случај би играле во ЛШ.
Но Аталанта за противник ги има хитот на сезоната во Европа кој на импресивен и историски начин, без пораз ја освои титулата во Бундеслигата.
Ако успеат во тоа, потоа Рома ќе навива за Торино и Фиорентина, последните два притивника на Аталанта во шампионатот.
Аталанта има 66 бода, а Болоња и Јувентус се на трето и четврто место со 68. Болоња гостува во Џенова, а Јувентус ја пречекува Монца. Без разлика на исходот на овие две средби, ако Аталанта освои 6 бода ќе заврши трета, а Рома ќе мора да се задоволи со Лига Европа.
На Рома би им одговарал и краен исход со ист број на бодови на трите екипи, бидејќи во таков случај Аталанта би завршила петта.