Џан Пјеро Гасперини пристигна во Аталанта во 2016 година со една цел, а тоа е да го спаси клубот ид испаѓање.
Какво испаѓање, какви бакрачи. Клубот од малото градче Бергамо кое брои 120.000 жители, во последниве 8 години прави чудесии од резултати.
Хит е и во Италија и Европа, па дури и Лига Европа успеа да освои, победувајќи го во финале неприкосновениот Баер Леверкузен, кој титулата во Бундеслигата ја зграпчи без пораз.
Резултатите на Аталанта со Гасперини:
2016/17: 4. место во Серија А и пласман во Лига Европа.
2017/18: Полуфинале на Купот на Италија, осминафинале во Лига Европа.
2018/19: 3. место во Серија А, финалисти во Куп на Италија.
2019/20: 3. место во Серија А, четвртфинале во Лигата на шампионите.
2020/21: 3. место во Серија А, финалисти на Купот на Италија, осминафинале во Лигата на шампионите.
2021/22: четвртфинале во Лига Европа.
2022/23: 5. место во Серија А.
2023/24: 4-ти во Серија А, финалисти на Куп на Италија и освојувачи на Лигата на Европа за прв пат во клупската историја.
2024/25: Моментално се без пораз на 14 натпревари во сите натпреварувања. Први во Серија А во и 5-ти во ЛШ.
- Пласман на европските натпревари по пауза од 26 години.
- Пласман во Лига на шампиони за прв пат во историја.
- Пласман во финалето на Купот на Италија после 23 години.
- Прв трофеј (Лига Европа) по пауза од 61 година.
- Генерирани 784 милиони евра од трансфери.
Џан Пјеро Гасперини дефинитивно ја промени историјата на Аталанта.