Јуначки гол на Самарџиќ во 96-та од 30 метри, Елмас повторно доби минутажа

Аталанта ја скрши Болоња со голчиште на Лазар Самарџиќ во длабокото судиско продолжение и стигна до 2 во 2 на стартот во Серија А. Елиф Елмас и на двете средби влезе од клупа на местото на Распадори. Прво во 82-ра минута, а синоќа во 56-та. Македонскиот репрезентативец во 3. коло гостува на Олимпико против Рома.

1 септември 2026 - 08:54