Аталанта ја декласираше Сампдорија со 4:0 на последниот меч од 27. коло од Серија А, а момент за одбележување е 85-та минута, кога падна последниот гол.
Го постигна Русинот Алексеј Миранчук во голем стил и покажа голема човечност за која пишуваат италијанските медиуми. Прво ги држеше рацете нагоре како знак дека нема да слави, а потоа ја спушти главата надолу и беше опколен од соиграчите.
Миранчук се дружи со украинскиот соиграч Руслан Маликовски, кој во четвртокот даде два гола во Лига Европа против Олимпијакос и го подигна дресот за да испрати порака напишана на маицата.
„Овие денови се тешки. На Руслан му е тешко, бидејќи неговата фамилија и неговиот град се во неволја. Но со Миранчук секогаш разговараат. Меѓу нив нема ништо друго, освен пријателство“, изјави играчот од средниот ред на Аталанта, Мартен де Рун.
Пред стартот на мечот, директорот на Аталанта Умберто Марино го нарече пријателството меѓу Малиновски и Миранчук пример за тоа какви треба да бидат работите.
„Тоа е искрено пријателство помеѓу две момчиња кои претставуваат два многу слични народи“, рече Марино
Инаку Малиновски го пропушти натпреварот против Сампдорија откако се повреди на загревање.
Со овој триумф, Аталанта ја прекина лошата серија од пет меча без победа во Серија А и сега е на -3 од четвртопласираниот Јувентус и тоа со натпревар помалку.