Тимот на Сеск Фабрегас игра историска сезона, се бори за настап во еврокуповите. После првиот полуфинален дуел во Комо кој заврши 0-0, синоќа на „Џузепе Меаца“ Интер губеше 0-2 после головите на Мартин Батурина во 32' минута и Лукас Да Куња во 48-ма минута.
Хакан Чаланоглу го најави пресвртот со два гола во 69-та и 86-та минута а Петар Сучиќ како втор хрватски стрелец на мечот после Батурина ги постави конечните 3-2 во 89' минута.
Интер е во големото финале каде ќе го чека подобриот од дуелот Аталанта - Лацио. Нераѕурите се борат за двојна круна што би бил фантастичен успех во првата сезона на тренерот Кристијан Киву.