Борко, Алекс и Кристијан ни испратија од Холандија материјал со фотки и видеа од прекрасното доживување во Лига Европа.
Впечатоците им се тазе и што е најважно за нив, победнички. И тоа не против било кого, туку против Ајакс, најтрофејниот холандски клуб во историјата со 36 титули, 20 Купови како и четири титули во ЛШ.
Беа на гостување на прекрасната Јохан Кројф арена, која беше забранета за навивачите на Лацио, кои добија од Амстердам многу директно и остро соопштение.
„Навивачите на Лацио од Рим не се добредојдени во Амстердам. Некои навивачи на Лацио се познати по нивните симпатии кон екстремната десница и фашизмот и по нивните антисемитски и расистички испади. Поздравуваат во стилот на Хитлер, вадат кукасти крстови и го навредуваат ликот на Ана Франк“.
Ајакс - Лацио 1:3. Тоа е она што ги интересира триото лацијали од Македонија. Лапај си 3 бода, велат тројцата среќници за Офф.нет.
Тие уживаа во големата победа која ја запечатија Чауна, Деле Баширу и Педро, вредна прва позиција на табелата и оставија белези низ улиците на Амстердам во форма на налепници „Lazio fans Macedonia“, да се знае дека сепак некој бил на забранетото гостување.
Интересно, гестот на домаќините кои ја донесоа забраната го осудија и навивачите на Ајакс кои токму на гостинскиот сектор извадија парола:
„Football without fans is nothing“.
Голчиштето на Педро снимено од навивачкиот агол на македонските навивачи на Лацио.
Атмосферата на Јохан Кројф арената.