Лацио подиве

Тимот на Џенаро Гатузо не застанува. Го победи Сасуоло 2:6 и тоа со два промашени пенали.

Лацијалите се во транс и газат сè пред себе, а незгодното гостување против Сасуоло го зачинија со дури 6 парчиња.

Тејлор, Исаксен и Мусолини погодија уште во првите 16 минути кога на семафорот стоеше 1:3. Еспозито го намали резултатит, но Ѕакањи постигна нов гол за Лацио за 2:4 на полувреме.

И покрај водството, Лацио продолжи со напаѓаччки фудбал и во вториот дел, а тоа резултираше со два убави голови на Нослин.

Триумфот можеше да биде уште повисок, но Ѕакањи и Фратези не реализираа пенали во 50 и 61 минута.

Лацио е во серија од 5 победи по ред и во моментов е прв со 25 бода и скор од 8 победи, едно реми и ниту еден пораз.

Навивачите и натаму го бојкотираат Клаудио Лотито и не одат на Олимпико, но синоќа беа на гостување во страшна бројка од 10.000.

Во следно коло го пречекуваат Каљари.

28 октомври 2026 - 08:57