
Датумот 23 мај 2025 вечерва ќе донесе радост и разочараност, откако ќе има разврска на средбите Наполи - Каљари и Комо - Интер.
Наполитанците со победа ќе слават, а за Интер единствениот начин е да победат и да се надеваат барем на реми во Неапол.
Иста беше ситуацијата и на денешен ден во 1999-та. Лацио играше дома со Парма, а Милаш гостуваше во Перуџа. Росонесите беа први со еден бод предност.
И двете средби завршија 2:1. Во Рим победи Лацио, а во Перуџа славеше Милан за Скудето број 16 или шесто во ерата на Берлускони.
Серџо Крањоти им го вети на навивачите следната сезона и им го исполни ветувањето.
Силниот Лацио во тоа време не остана со празни раце и само пет дена претходно го освои Купот на Куповите на победниците.
Славната Парма предводена од Алберто Малезани ги освои Купот на Италија и Купот на УЕФА.