Таг: лацио

Првпат после 40 години играч премина од Рома во Лацио

На Шпанецот Педро, детето на Барселона кој направи врвна кариера па играше во Челси и освои еден куп трофеи каде и да играше, му се падна да биде запишан во историјата како прв фудбалер после скоро пола век кој направил трансфер меѓу двата вечни римски ривали.

Приказната за Ериберто, Бразилецот од Киево кој 6 години го лажеше светот дека е друг човек

Добрите познавачи и носталгичари на италијанскиот и општо европскиот фудбал во првите години по 2000-та, на прва топка ќе се сетат на фамозниот случај „Ериберто“ од Киево, човекот кој за да избега од сиромаштија направил голема измама, па совеста го прогонувала со години.

Мангупска објава на Лацио за новиот тренер

По 25 годишната авантура во мали клубови, доби доверба да ги води Наполи, Челси и Јувентус. Асоцијација е за цигара, без која не се појавува во уста и токму со неговиот омилен порок, клубот кој го ангажираше ја соопшти официјалната соработка.

Падна голот на годината во Италија - Верде против Лацио

Лацио и Специја одиграа интересен дуел. Домаќинот поведе во 56' минута, а гостите израмнија со страшни „маказици“ на Даниеле Верде во 73' минута. На крај во 89' минута Каиседо од пенал ги постави конечните 2-1. Ама да се вратиме на ножичкиве. Спектакл.

Баерн рутински со Лацио, Челси го елиминира Атлетико Мадрид

Вечерва актуелниот европски првак Баерн Минхен и англиски Челси станаа уште два патници во четвртфиналето на Лига на шампиони откако и во реванш дуелите ги совладаа Лацио и Атлетико Мадрид.

Баерн го размонтира Лацио, Жиру со чудесен гол го урна Атлетико

Како на лесен тренинг, европскиот шампион се прошета по „Олимпико“ во Рим и си поигра со шестопласираниот тим во Серија А. Во Букурешт, каде Атлетико Мадрид беше условен домаќин против Челси, францускиот репрезентативец го реши мечот со спектакуларни ножички.

Мусолини ќе игра бек за Лацио

На младинците на Лацио официјално им се приклучил десниот бек Романо Флориани Мусолини, правнук на Бенито Мусолини, син на Алесандра која основала десничарска партија и оваа вест доби голем одјек во Италија.

Фер плеј на колото во Серија А

На толку лешперски потези со глумење фаули за секаков контакт и театралности по секоја цена да се добие пенал, веќе не се сеќаваме кога последен пат кога некој играч признал дека сам паднал.

Лудница во соблекувалната на Лацио

Римското дерби во Италија важи за натпревар на сезоната, посебен од сите други. Ако го добиеш си херој, ако го изгубиш лузер, па цела година ќе те ребрачат. Се слави како да си освоил ЛШ.

А пази ова, Лацио довел играч и платил на погрешен клуб

Се случува човек да утне шифра на сметка за струја, за вода, за телефон, ама да опнеш 11 милиони евра на туѓа сметка ѝ успеало само на управата на Лацио.

Не пушам мамо

Ја пафкав само.

Извлечени паровите во ЛШ: Мега дерби Барса - ПСЖ, Лампард на Чоло

Супер дуели ќе гледаме во нокаут фазата од елитното друштво. Френки Лампард ќе се судри со бандата на Чоло Симеоне, Ливерпул имаше горе-долу добра ждрепка и ќе игра против германски Лајпциг. Меси и Барса ги чека јако дерби.

ПСЖ го освои Олд Трафорд, Жиру даде 4 против Севиља

Фантастичен фудбал гледавме вечерва во претпоследното коло од групната фаза во ЛШ. Пари Сен Жермен успеа да освои 3 златни бода против Јунајтед и да остане во игра за нокаут фазата. Лацио до важен бод во Дортмунд, а Жиру направи чудо со 4 комада во Андалузија.

Барселона на екскурзија во Киев, Јувентус се спаси

И без Меси и Френки Де Јонг кои Куман реши да ги одмори, Барса убедливо го победи Динамо во Украина. Манчестер му се одмазди на Башакшехир за поразот во Истанбул, а ПСЖ до крај ќе води битка да помине група.

Двојникот на Пиоли - им обеле коса, исто се носат, во исто време оќелавеа

Приказната за дружбата на Стефано Пиоли и Џакомо Мурели е интересна од неколку причини. Вториов му е помошник на првиот веќе 16 години а во тоа време се како близнаци.

Не напаѓаме натаму бе глуп

Симоне Инѕаги важи за доста темпераментен тренер кој често скока и трча покрај аут линија. Денеска беше и во улога на асистент во играта на Лацио при изведениот аут на Марушиќ и тоа буквално, а од таа акција Лацио израмни во 95-та против Јуве со помош на неверојатниот џокер Фелипе Каиседо.

Лотито го прогласи вирусот за умрено

Претседателот на Лацио дефинитивно може да се смета за Доналд Трамп меѓу претседателите на фудбалски клубови. Веќе неколку дена е карамкаша со тестовите во римскиот клуб.

Манчестер Јунајтед се сопна на „Фатих Терим“

Со фантастична игра турскиот шампион го урна тимот на Солскјер кој продолжува по системот топло-ладно. „Црвените ѓаволи“ во последно може секого да победат, но и од секого да изгубат. Лацио кој играше без клучните играчи Имобиле, Леива, Стракоша, Луис Алберто, освои бод во Русија.

Случајот со Имобиле ја покажува целата конфузија: негативен во Серија А, позитивен за УЕФА

Пази ова: според правилата на Серија А Чиро Имобиле е здрав, негативен на тест и може да игра. Според правилата на УЕФА е болен и не може да игра еврокупови. Кој кого овде?

Херојот на Лацио кој од сенка ги уништува противниците во 90+

Тешко е да бидеш ѕвезда во лига каде играат ликови од типот на Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо. Ама па него уво не го боли за споредби, туку чека само Инѕаги да му рече „Ајде влагај“ и потоа им го вади во шеснаесетник, капацитетот за решавање натпревари во судиско.

Голем триумф на Барса во Торино, Јунајтед страшен

Лионел Меси сезонава постигна 4 гола и сите 4 му се од пенал (3 за Барса против Виљареал, Ференцварош и Јувентус и 1 за Аргентина). Манчестер Јунајтед демонстрираше сила против германски Лајпциг и го потопи со 5 комада (Рашфорд влезе и даде 3)

Другарот на Дрогба кој ни крив ни должен се прослави во Лига на шампиони

Фудбалот по којзнае кој пат раѓа нови приказни за чудни ликови. Јунак на вечерта во Лига на шампиони синоќа беше еден тотален анонимус кој удри печат на дебаклот на Дортмунд против Лацио во Рим.

Лацио во голем стил го испраши Дортмунд, Јунајтед го освои Париз

Римскиот клуб после 13 години се врати во Лига на шампиони и тоа на голема врата. Јунајтед го доби ПСЖ среде Париз, Челси ремизираше со Севиља.

Последната сезона на Лацио во ЛШ кога Пандев три пати го матираше Касиљас

ЛШ вечерва стартува со групна фаза, а една од екипите во фокусот е Лацио од кој УЕФА направи компилација со врвни голови на многу легендарни имиња. Меѓу голчиштата на Верон и Михајловиќ се наоѓа и Горан кој го фрли во делириум Олимпико против гигантот од Мадрид.