Навивач на Лацио му предвидува на Наполи дебакл и во Серија А

Италијанскиот фудбал е хит сезонава со претставници во нокаут фаза на сите европски натпреварувања. На крајот почнува да станува и забавно.

Италија има односно имаше дури шест екипи во четвртфиналињата на трите клупски европски натпреварувања. Интер, Милан и Наполи во ЛШ, Јуве и Рома во ЛЕ и Фиорентина во Конференциската лига.

Во ситуација кога Наполи има пад во формата, испаѓа од ЛШ, разликата во првенство од +19 и паѓа на +14 и има само една победа на последните пет меча на двете натпреварувања, навивач на Лацио реши да си поигра.

Осумте кола до крајот на Серија А ги прогнозира во корист на својот тим кој е втор и на крајот ја пишува конечната табела на која Наполи ја губи титулата.

Лацио под водство на Сари има седум победи на последните осум меча и навивачот прави завршница која е математички можна, но многу тешка и речиси нереална.

На Наполи до крај му предвидува 5 нерешени, 2 порази и само еден триумф, а на Лацио 8 од 8. Конечна табела: Лацио 85, Наполи 83.

Еден куп италијански медиуми пишуваат за сонот на навивачот, па дури и Кориере дело Спорт.

19 април 2023 - 13:19