Три голчишта на Олимпико, асистенција на Елмас, победа на Наполи во 94-та

По низа од неколку натпревари, Лучано Спалети одлучи да го седне на клупа Елиф Елмас, што сепак се покажа како добар рецепт. Македонскиот репрезентативец влезе, го освежи нападот на Наполитанците и по шест минути направи асистенција за водство.

Дербито на колото во Серија А го одбележаа три убави голови на Инсиње, Педро и Руиз кои паднаа во последните 30 минути од мечот за конечни Лацио - Наполи 1:2.

Наполитанците го отворија резултатот преку Инсиње на асистенција на Елмас во 62-та минута.

Во 88-ма Педро ја испука со јак волеј за 1:1.

И во истекот на последната минута од судиското продолженије, Фабиан Руиз погоди за многу важни три бода.

Ситуацијата на врвот во италијанско почнува да станува сè погуста, бидејќи дури четири екипи влегуваат во трка за титулата.

Наполи и Милан имаат исто бодови, Интер со заостанатиот меч може да биде прв, а во врат почна да им дише и Јуве каде одличниот Влаховиќ стигна до 5 гола.

28 февруари 2022 - 08:14