Белгиски фудбалер леташе во сала со 200км на час и остана жив

Поранешниот фудбалер на Киево и Лацио, Софијан Кијен кој моментално игра во Белгија, на вчерашниот датум треба да почне да направи слава.

Белгиските медиуми објавија страшно видео од фудбалерот на кое се гледа како со огромна брзина излетува од патот, крши ѕид на спортска сала и завршува на паркетот.

За среќа 25 годишниот фудбалер останал жив, а во несреќата не учестувал никој друг. Непосредно пред тоа во салата имало деца кои влегле во соблекувална.

Кијен возел со 200км на час на место каде било дозволено до 90 и со Мерцедесот всушност излетал од кружен тек. Несреќата се случила во близина на Лиеж.

Инаку Софијан Кијен е фудбалер на белгискиот прволигаш Левен, а кариерата ја почнал во Киево во 2016-та. Потоа потпишал за Лацио кој го праќал на позајмици во Салернитана и Венеција.

31 март 2023 - 08:40