Летото 2021 ќе остане запаметено како едно од најбурните што се однесува до фудбалските трансфери, бидејќи не се случува секој ден Роналдо и Меси да менуваат клубови, па уште и во ист месец.
Најскапите трансфери и овој пат ги направија Англичаните кои потрошиле најмногу пари. Таму се случи најскапиот трансфер на релација Астон Вила – Манчестер Сити, а веројатно најголемата и најнеобичната измама или недоразбирање се случува на реалција Серија А - Бундеслига.
Се работи за Ајнтрахт Франкфурт кој беше во завршни преговори за продажба на Филип Костиќ во Лацио. Во игра биле околу 10 милиони евра, но сепак двете страни не можеа да дојдат до конечен одговор.
Кулминација на крај е самиот исход од трансферот или поточно причините поради кои пропаднал.
Ајнтрахт намерно му дал погрешен мејл на Лацио за да му каже на српскиот фудбалер дека никогаш не добиле официјална понуда за него од Рим.
Измамата ја открил познатиот агент Фали Рамадани, инаку роден во Тетово кој на Костиќ му испратил скрин шот од понудата на италијанскиот прволигаш.
Бекот на Ајнтрахт толку збеснал, што решил да остане дома за првенствениот натпревар против Арминија Билефелд.
Веста потекнува од Џанлука Ди Марцио кој е најголем инсајдер за трансфери меѓу новинарите, а веќе почнаа да ја пренесуваат и други странски медиуми.
Од Ајнтрахт Франкфурт за сега нема демант, туку само инфо дека Костиќ останува во клубот.
Тврдењето на познатиот италијански новинар го негира негов колега од Германија кој тврди дека римјаните ја утнале работата и дека при праќањето на мејлот ја заборавиле буквата „К“.
Wirbel um #Kostic: Die #Eintracht widerspricht den Berichten, man habe #Lazio bewusst eine falsche Mail-Adresse gegeben. Auf Anfrage heißt es, die Italiener hätten beim Mailversand den Buchstaben „K“ vergessen - und dies im Nachhinein auch schriftlich zugegeben. @spox @goal
— Kerry Hau (@kerry_hau) September 1, 2021
Кој и да ја оплескал, крајот во преговорите е екстремно глупав. Костиќ под присила останува во Ајнтрахт со кој има договор на уште две години.