Еврогол на Барела, историски дебакл на Лацио

Требаше да биде дерби на колото меѓу две екипи во топ форма и со ист број на бодови, но се претвори во кошмар за домаќините кои не паметат ваков пораз во Рим.

Во последната средба од 16. коло во Серија А, Интер го понижи Лацио на Олимпико со 0:6 и со тоа му го нанесе најтешкиот пораз на домашен терен во историјата.

Серијата на голови ја отвори Чалханоглу со спорен или поточно подарен пенал со ВАР, а потоа се редеа голови на Димарко, Барела, Думфрис, Карлос Аугусто и Турам.

Со овој триумф Интер му избега на Лацио +3 и сега е трети со 34 бодови. Лацио е на петта позиција и има ист број на бодови колку четвртопласираната Фиорентина.

За Лацио ова е прв пораз сезонава на домашен терен и со ова ја расипа убавата серија. На последните 13 меча има само два порази, едно реми и дури 10 победи.

Пред мечот имаше долг аплауз за легендарниот Синиша Михајловиќ кој играше и за двете екипи, а почина пред две години, токму на 16-ти декември.

Статистиката вели:

- Највисок пораз за Лацио (0:6) на домашен терен во историјата на Серија А.

- Рекордни 6 играчи за прв пат постигнаа гол на гостински натпревар, во Серија А.

- Највисокиот пораз на Лацио пред синоќешниот датира од 1961-ва, година исто така од Интер, но на гости (7:0).

Михајловиќ: Кога пијам ракија вадам две чаши, едната за мене другата за татко ми

17 декември 2024 - 08:30