Михајловиќ: Кога пијам ракија вадам две чаши, едната за мене другата за татко ми

На 16 декември, 2022-ра, на два дена пред спектакуларното финале меѓу Аргентина и Франција во Катар, замина големиот Синиша Михајловиќ. Европски првак со Црвена Ѕвезда, шампион на Италија со Лацио, симбол на славните ју времиња, неприкосновен изведувач на слободни удари, успешен тренер, фајтер во душа, почитуван во фудбалскиот свет. Жалеше само за една работа во животот која ја објасни во тв гостување во Италија пред 5 години.

„Во животот жалам само за една работа. Татко ми имаше рак, а јас во тој период бев тренер на Катанија и не го видов додека лежеше во болница 5-6 месеци. Кога заврши сезоната им ветив на моите деца ќе ги носам да го гледаат финалето од ЛШ меѓу Баерн Минхен и Интер. И се јавив на мајка ми да ја прашам како е татко ми, бидејќи ден после финалето планирав да одам во Белград за да го видам. Таа ми рече дека е добар, во болница е, ама нема ништо ново. И затоа од љубов према децата, решив да им го остварам ветувањето. Кога требаше да тргнам за Белград, ми се јави брат ми, да ми каже дека тато почина. Не успеав да го гушнам за последен пат и сега кога пијам ракија една ставам за мене и една за него“.

Плејада великани на погребот на Синиша Михајловиќ

Сите 38 гола на Михајловиќ во Серија А

Хет-трикот на Михајловиќ од слободен удар во дресот на Лацио

16 декември 2024 - 12:40