Пред погребот, во римската базилика „Света Марија, ангели и маченици“, илјадници навивачи, негови пријатели, поранешни соиграчи, тренери и роднини, дошле за последен пат да се простат од легендарниот Михајловиќ.
Сопругата Ариана со семејството:
L’ultimo saluto a Sinisa Mihajlovic 🖤
— Sportitalia (@tvdellosport) December 19, 2022
📹 @Fra__Tringali #Sportitalia pic.twitter.com/Gtui8tzhp9
Funerali di Sinisa Mihajlovic pic.twitter.com/8QBZV9l09e
— Ref Ref (@RefRef62623343) December 19, 2022
Меѓу првите кои пристигнале бил Дејан Станковиќ, тренерот на Сампдорија, со сопругата Ана. Михајловиќ беше кум на нивните деца и речиси како втор татко на Дејан кој на млади години дојде во Лацио и учеше од искусниот Синиша во текот на цела кариера.
ЛАЦИЈАЛИТЕ НАЈБРОЈНИ
Дошол и Владимир Југовиќ со кого Миха освои европска и светска титула во 1991-ва година. Присутни се бројни тифози на Лацио а главните функционери од овој клуб заедно со сите играчи пристигнале со клупскиот автобус од кој излегле со орелот кој често лета на „Олимпико“.
Меѓу фудбалерите биле и капитенот Чиро Имобили и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, како и тренерот Маурицио Сари кој бил поздравен со голем аплауз.
La SS Lazio ed i suoi tifosi rendono omaggio a Sinisa Mihajlovic nel giorno dei funerali #sslazio #sinisamihajlovic #calcio #localteam pic.twitter.com/PfswiPuXjj
— Local Team (@localteamtv) December 19, 2022
Nel cielo bianco azzurro brilla una stella
— Giàmp72 (@giamp72lulic71) December 19, 2022
Ciao #sinisa#Mihajlovic pic.twitter.com/bP7aOsGsVd
Tifozi @OfficialSSLazio @Inter @Bolognafc1909 i mnogi drugi#SinisaMihajlovic pic.twitter.com/MODsUrOQf5
— 🇷🇸Marko Mađarev🇷🇸 (@DjarmaCZBG) December 19, 2022
КУЌНАТА СЛАВА СВЕТИ НИКОЛА
Синиша Михајловиќ е погребан на денот посветен на светиот чудотворец Свети Никола, празник кој му бил домашна слава. На стадионот „Свети Никола“ во Бари Михајловиќ со Црвена звезда го освои Купот на европски шампиони.
ВЕНЕЦ ОД ДОНАРУМА
Џанлуиџи Донарума, најдобриот италијански голман и европски шампион, на свои 16 години доби шанса од храбриот Михајловиќ кој го пушти на терен младиот голман да дебитира за Милан. Од тогаш стана незаменлив дел на екипата, па и кога замина во ПСЖ, никогаш не заборави кој му даде прв шанса.
“Ciao mister…”
— Francesco Iucca (@francescoiucca) December 19, 2022
💐La corona di fiori da parte di Gigio #Donnarumma dedicata a Sinisa #Mihajlovic, il primo ad aver creduto in lui♥️🖤@calciomercatoit pic.twitter.com/Wrl40C4HAO
ТОТИ И ДАНИЕЛЕ ДЕ РОСИ, НЕКОГАШ ГОЛЕМИ РИВАЛИ НО СЕКОГАШ ГОЛЕМИ И ИСКРЕНИ ПРИЈАТЕЛИ СО СИНИША
🙏 Toti i De Rosi na sahrani Siniše Mihajlovića pic.twitter.com/MQ87bO3Qm9
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) December 19, 2022
ВЕНЕЦ И ОД ХРВАТСКА
Звонимир Бобан и Роберт Просинечки се опростиле од големиот пријател Михајловиќ, со венец.
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА, ПАРТИЗАН И ФСС
По 10 часот утрово стигнала сопругата на Михајловиќ, Ана со раководството на белградска Црвена звезда. Покрај нив, присутни биле и партизановците Гордан Петриќ, Славиша Јокановиќ и Зоран Бата Мирковиќ, сите големи пријатели на Синиша.
На погребот дошол и српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси.
МИЛАН
Синке во еден период беше и тренер на Милан, големиот ривал од времето додека настапуваше за нераѕурите. Во знак на последен поздрав, делегацијата на Милан поставила црвено-црн венец.
СФРЈ
Меѓу знамињата кај присутните надвор од базиликата има и неколку југословенски знамиња.
Al funerale di Sinisa Mihajlovic per salutare un pezzo di Lazio e della vecchia Jugoslavia socialista.
— L'Unione Popolare (@Fronte_diclasse) December 19, 2022
Sinisa sempre con noi.
🤍💙 pic.twitter.com/Z6WbfjOoNc
Војната во поранешна СФРЈ тешко го погодила Синиша и неговото семејство. Тој е роден во Борово село близу Вуковар и потекнува од мешан брак. По свое сопствено признание, кога почнала војната дури и најдобриот другар од детството му пукал во домашната слика со трофеи и му ја рушел куќата.
НАВИВАЧИ ОД ЦЕЛА ИТАЛИЈА
Покрај најбројните лацијали, пред базиликата каде е изложен ковчегот со телото на Михајловиќ пристигнале и претставници на навивачки групи на Интер, Сампдорија, Болоња и други.
Опелото, пишува Б92, го води владика австриско-швајцарски Андреј Силерѓиќ под чија јурисдикција е дијаспората во Италија.
КОВЧЕГОТ ГО НОСЕЛЕ МАНЧИНИ, АТИЛИО ЛОМБАРДО И ДЕЈАН СТАНКОВИЌ
Uscita feretro di Sinisa Mihajlovic. Suoi ex compagni di squadra lo accompagnano. Tra questi Roberto Mancini, Attilio Lombardo e Dejan Stankovic pic.twitter.com/AIm1Zy8eIl
— Ref Ref (@RefRef62623343) December 19, 2022