Баерн Минхен во саботата беше декласиран од Баер Леверкузен со 3:0 во Бундеслигата, а само четири дена подоцна осминафиналната фаза во ЛШ ја стартуваа со неочекуван пораз од 1:0 од Лацио.
Статистиката сугерира дека Баварците биле доминантни, барем што се однесува до поседот на топка, 62% во Леверкузен и 61% во Рим, но внимавајте добро на клучниот податок кој треба да ги загрижи и да им ги отвори очите.
На синоќешното гостување на кое важеа за апсолутни фаворити според квалитетот, реномето и кладилниците, немале ниту еден удар во рамки на гол, ниту еден. Против Баер Леверкузен пак имале само еден.
Педантните статистичари извадија табела која укажува токму на овој сегмент, а тоа се се нивните удари во рамки на гол упатени на два меча по ред во изминативе 10 години.
Внимавајте добро. Гигантот кој е познат како тим кој скоро секогаш гази со страшна реализација и за кој кладилниците отсекогаш давале мали коефициенти за нивна победа со многу голови, на последните два меча има вкупно само ЕДЕН удар во рамки на гол, за прв пат во 10 години.
Дури 50 пати имале 12 удари, а рекордот им е 38 удари во рамки на гол на вкупно два меча по ред, повторуваме, во статистика која важи во периодот 2014-2024.
Иако ова на прва се само бројки, реалноста е дека оваа недела загубија против две екипи од кои може директно да им зависи борбата за двата најважни трофеи.
Директен дуел со Баер за титулата од која се оддалечија 5 бода и елиминација од ЛШ, толку не го наместат нишанот на реваншот против Лацио.